Здрава храна

272

Тиквата ја подобрува работата на срцето

Есента е сезона на тиквата. Постојат многу разновидни начини за нејзино приготвување, така што ниеден друг зеленчук не ѝ е рамен. Исто така, тиквата е шампион по содржината на железо, бакар, и флуор, содржи калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините Ц и Е, витамини од групата Б, каротин. По содржината на каротин, тиквата е побогата дури и од морковот. Освен тоа, богата е и со прехранбени влакна.
Благодарение на високата содржина на калиум, тиквата ја подобрува работата на срцето, ги зацврстува крвните садови и го намалува отокот. Според тоа, тиквата е идеална храна за луѓето што страдаат од кардиоваскуларни болести. Ако имате болен црн дроб, треба да консумирате многу тиква, и тоа сурова, неварена. Ако суровата не ви е вкусна, комбинирајте ја со мед, ориз, просо или со гриз.
Варената тиква особено е полезна за оние што имаат проблем со киселини во желудникот. Лекарите препорачуваат тиква во исхраната на болните од чир на желудникот и дванаесетпрсното црево, а полезна е и при гастритис.