Здрава храна

68

Не чекајте да огладнете за да јадете

Гладот е најсигурниот показател дека вашиот метаболизам работи нормално, но сепак, не би смеел да биде единствен показател дека е време за оброк. Ако јадете само тогаш кога ќе почувствувате глад и пад на енергијата, тоа може да биде и штетно за вашето здравје.
Гладот доведува до прејадување: луѓето што ги прескокнуваат оброците, често јадат повеќе за да надоместат сѐ што прескокнале. На вашето тело му е потребна храна на секои три-четири часа, за да не дојде до забавување на метаболизмот и за да не почувствувате пад на енергијата, безволност и желба за нездрава храна.
Колку подолго на телото му ја скратувате храната, толку повеќе ви се намалува нивото на шеќерот во крвта, поради што вашиот организам бара храна богата со шеќери.
Гладувањето не помага при слабеење: луѓето мислат дека ќе загубат килограми ако гладуваат, но не е така. Кога гладувате, вашето тело ги штеди мастите и троши помалку калории.