Здрава храна

121

Трикови за полесно да преминете на здрава храна

На многу луѓе им е тешко да преминат на поздрави варијанти на храна што ја сакаат, како и да исфрлат одредени намирници од исхраната и да се запознаат со нови. Ако никако не можете да го спроведете ова во дело, ви откриваме некои трикови со кои преминот на здрава храна ќе ви биде полесен. Не треба да правите нагли, туку мали секојдневни промени.
На пример пијте повеќе вода и незасладен чај, заменете го нездравиот чипс со грицкање свеж зеленчук со гвакамоле или хумус, а наместо чоколадо, изедете некој здрав десерт.
Планирајте ги оброците, но немојте да го менувате постојното мени во целост. Ако сакате да јадете поздраво, не мора во целост да ги исфрлите сите намирници што ги обожавате, туку може да ги комбинирате и да ги збогатите со некои поздрави. На пример, ако сакате тестенини, додајте во нив зеленчук или збогатете ги со свежа салата.