Здрава храна – Сојата го имитира својството на естрогенот

133

Сојата е одлична за целокупното здравје. Иако имаше голем број негативни кампањи, сепак сојата треба да ја вклучите во своето мени. Околу 172 грама соја содржат: 298 калории, 28,6 грама протеини, 10,3 грама растителни влакна, но и многу манган, железо, фосфор, витамин К, Б2 и фолна киселина. Сојата е богата со антиоксиданси, познати како изофлавони, кои се одлични за човековото здравје.

Консумирањето соја се поврзува со намален ризик од добивање рак. Голем број студии покажуваат дека консумирањето соја дава за 15 проценти помал ризик од стомачен канцер. Сојата е особено ефикасна кај жените. Една студија покажала дека таа може да заштити од рак на дојка. Сите овие здравствени придобивки се должат на фитоестрогените со кои е богата сојата. Сојата го имитира својството на естрогенот во телото, кој за време на менопаузата опаѓа. Една студија направена на 403 жени кај кои менопаузата поминала, а кои консумирале соја две години, имале значително поздрави коски. Протеинот од сојата и фитоестрогенот исто така ги намалува шансите за срцеви заболувања.