За легендарниот Дел Бој, на телевизија има само пцуење и голотија

27

Сер Дејвид Џејсон, кого сите го познаваме како Дел Бој од популарната британска серија „Сплетки“, наскоро ќе го прослави својот 80-ти роденден. Кралот на телевизијата, кој е на малите екрани веќе 55 години, вели дека воопшто не размислува за своите години туку за она што уште треба да го направи.
– Не знам зошто сѐ уште работам, веројатно таков сум создаден – вели тој во интервјуто за „Сандеј пипл“, каде што ја најавува својата нова емисија „Големите британски откритија“, но и учеството во нова детективска серија.

Џејсон во интервјуто се сеќава на своите улоги, но и на тоа дека во секоја серија што ја снимал имало тим луѓе што се грижеле за тоа што пишува во
сценариото, односно за она што ќе го кажат глумците.
– И знаете што, никогаш немаше пцуење! Во денешните серии сите пцујат, како да мораат да кажуваат грди зборови. Никогаш не ми се случило во текот на сите овие години некој да ми пријде и да ми каже дека не му се допаднала таа и таа епизода поради пцуењето. Ако има добар јунак во серијата, добро сценарио и режисер, нема потреба од тоа. Па, дури и да опцуете понекогаш, ако е се одмерено и добро напишано, гледачот нема ни да го забележи тоа – изјавил популарниот британски глумец.

Дејвид Џејсон додава оти пцуењето сега стана мода, како и сѐ поприсутната голотија, со што постојано се поместуваат границите на прифатливото.
– Уште малку ќе ги гледаме глумците како излегуваат од под туш и шетаат голи и тоа е ни биде нормално – констатира тој.
На Џејсон му пречи и нејасното зборување, мрморењето, кога не можете ни
да разберете што се зборува на екраните.
– Овие глумци не се добри ниту за себе, ниту за гледачите – вели тој.