Заштитни маски за глуви лица

1290

Студентката Ешли Лоренс од САД, заедно со мајка си изработува и подарува специјални маски за заштита од коронавирусот, за глуви и за лица со оштетен слух. Оваа 21-годишна студентка од Кентаки ги прави маските со проѕирен пластичен дел во средината, за да се гледа устата, а тоа на лицата со попречен слух ќе им овозможи полесно да разберат што им се зборува и ќе им го олесни животот.

– На луѓето што користат знаковен јазик за комуникација, исклучително им се битни мимиката и читањето од усни. Обрнете некогаш внимание како се разбираат меѓу себе, изразот на лицето е дел од нивната граматика, а со маските што покриваат поголем дел од лицето се губи половина од значењето на она што сакаат да го соопштат – вели Ешли.

И не само што овие маски го откриваат лицето на оние што ги носат туку се направени така што лицата со слушни апарати можат полесно да ги стават.
Доказ дека Ешли успеала на многумина да им помогне со овој дизајн е што има порачки од дури шест американски сојузни држави.