Закерберг повика на построга регулација на штетните содржини на Интернет

36

Сопсвтеникот на „Фејсбук“, Марк Закерберг повика на поголема регулација на штетната содржина на Интернет, нагласувајќи дека не е на компаниите, како неговата, да одлучуваат што се смета за легитимен слободен говор.

Закерберг исто така предупреди дека прекумерната контрола ризикува да го задуши индивидуалното изразување, посочувајќи ја Кина како пример. Тој зборуваше на Минхенската конференција за безбедност во Германија.

Основачот на Фејсбук ги повика владите да излезат со нов регулаторен систем за социјални медиуми, посочувајќи дека тој треба да биде мешавина од постојните правила за телекомуникациите и медиумските компании.

– Во отсуство на таков вид регулатива ние ќе продолжиме да даваме се од себе. Јас навистина размислувам на многу од овие прашања што се обидуваат да ги балансираат различните социјални еднаквости, не станува збор само за излегување со вистинскиот одговор, туку станува збор за излегување со одговор за кој општеството смета дека е легитимно – рече тој.

Закерберг исто така призна дека Фејсбук бил бавен за да го препознае развојот на координирани мрежни „информативни кампањи“ од државни актери како Русија. Тој додаде дека злобните актери исто така стануваат подобри во покривањето на нивните патеки со маскирање на ИП-адресите на корисниците.

Гигантите на социјалните медиуми како Фејсбук се под зголемен притисок да престанат да шират лажни информации. Особено Фејсбук е критикуван за неговата политика на политичко рекламирање.