Животни – Како да го решите митарењето на вашиот миленик

76

Миленичињата се дел од нашето семејство и тие ни се лојални пријатели, но исто така се и машина за производство на влакна што се разлетуваат низ целиот дом. Проблемот со повеќето раси на кучиња е нивното митарење. Ако чувате едно или повеќе кучиња што имаат долги влакна, кои се лепат насекаде, обрнете внимание на следните совети.

Првото нешто што ви е потребно е соодветна четка за отстранување на вишокот влакна од вашето домашно милениче. Друга работа што може да го намали опаѓањето на влакната е редовното бањање. Лесно исчеткајте го кучето пред бањањето, за да не бидете изненадени од количеството влакна што ќе ги видите во одводот. Масирајте го при шампонирањето, бидејќи на тој начин ќе го поттикнете падот на сите непотребни влакна. Бањајте го вашиот миленик на неколку недели и ќе го намалите митарењето, како и можните алергени што се шират низ домот.

Исто така треба да се обрне внимание и на мебелот. Првото нешто што можете да го пробате се гумените ракавици. Следната опција е ролер што собира влакна. Со валјакот можете да ги соберете и скриените влакна од тешко достапни места на мебелот.