Храна што не смее да им се дава на кучињата

Сето она што е вкусно за луѓето, не би требало да го консумираат и нивните миленичиња. Некои намирници и пијалаци се токсични, а во најлош случај може да бидат и фатални за кучињата. Така, грозјето содржи оксална киселина што кај кучињата може да предизвика акутна бубрежна слабост и може да биде опасна по живот.
На кучињата никако не треба да им се дава кафе, бидејќи неговата состојка метилксантин влијае на нивниот нервен систем, а во некои случаи може да резултира со смрт. Симптомите вклучуваат напади, треперења, немир, хипертермија, дијареја, повраќање и срцева аритмија.

Какаото и чоколадото се проблематични поради тоброминот, кој е горчлив алкалоид. За младенчиња и помали кучиња, дури и мали количества можат да бидат фатални.
Суровиот грав содржи фитохемаглутинин што може да предизвика згрутчување на црвените крвни клетки. Последиците се оток на црниот дроб, треска и грчеви во стомакот. Варениот грав не е штетен за кучињата.

Сулфурната киселина од црвениот кромид ги уништува црвените крвни клетки на кучиња. Кромидот е отровен за кучињата во количество од пет до десет грама на килограм телесна тежина. Најчесто резултира со дијареја, крв во урината, повраќање и отежнато дишење. Коските на живината се остри и лесно се кршат, што може да доведе до сериозни повреди на усната шуплина, грлото и стомакот кај кучињата.
Авокадото содржи хемиско соединение персин, што предизвикува дијареја и повраќање и може да биде многу опасно за кучињата.
Ксилитол, замена за шеќер што се наоѓа во некои производи, исто така може да биде фатален за кучињата затоа што предизвикува зголемено лачење инсулин 10-30 минути по консумирањето, што доведува до хипогликемија.