Животни

96

Мачката мејн кун има некои карактеристики на куче

Мејн кун е најстариот вид мачка во Северна Америка и најголема домашна мачка некогаш припитомена. На прв поглед, јасно е дека таа не е како другите мачки. Прво поради нејзината големина, а и поради својата блага природа по која често се опишува со зборовите „нежен џин“. Со својот прекрасен изглед, таа личи на рис, па затоа не е изненадувачки што оваа мачка е многу популарна како домашно милениче.
Оваа раса мачки се навистина посебни и поради тоа што имаат и некои карактеристики на кучињата, а тоа го покажуваат со своето однесување.
На пример, за разлика од повеќето мачки, многу припадници на расата мејн кун сакаат да си играат со вода, па дури и да се капат. Причината за ваквото однесување, нетипично за мачките, може да биде тоа што тие имаат густи и дебели слоевити влакна што одбиваат влага, што значи дека водата не останува на нивното крзно, па затоа немаат непријатно чувство на влажни влакна.
Покрај тоа, овие големи убавици се специфични и поради нивното испуштање звуци. Имено, мејн кун немаат едноставно мјаукање како и повеќето мачки. Многу од нив имаат широк вокабулар – тие, исто така, квичат, викаат и произведуваат разни други звуци што немаат ниту име.