Животни

130

Помалите раси на кучиња растат побрзо од големите

Често се поставува прашањето кога кучињата престануваат да растат. И интересен е податокот дека помалите раси најчесто растат и созреваат побрзо во однос на кучињата од поголема раса.
Одредени раси на кучиња може да достигнат максимален раст на девет-десет месеци, додека на некои поголеми раси им треба 18-24 месеци за да го постигнат максималниот раст.
Интересно е што малите кучиња побрзо созреваат и ментално од големите кучиња. А во тоа голем фактор играат генетиката, исхраната, општото здравје и вежбањето, односно колку кучето дневно тренира.
Исхраната е многу битна за побрз раст и развој, како квалитетот на храната, така и количеството. Научни студии докажале дека дебелината кај малите кученца може во голема мера да придонесе за деформитети и разни ортопедски проблеми. Затоа е важно да се хранат здраво и да имаат дневна активност, за да ја потрошат акумулираната енергија. Секако, вежбите мора да бидат приспособени за расата.