Животни

64

Децата што растат со куче се попозитивни

Нова студија докажува дека поврзаноста и играта на децата со кучињата позитивно влијаат и на подоцнежниот емоционален и социјален развој на детето. Вработените на Универзитетот во Западна Австралија спровеле истражување на околу 1.700 деца на возраст од две до пет години, чии резултати биле зачудувачки. Се покажало дека дури 23 проценти од децата што растат со домашно милениче, особено со куче, полесно би се соочиле со социјални, емоционални и општествени предизвици отколку децата што не поседуваат домашно милениче.
Тие имаат помала веројатност да развијат асоцијално однесување, ќе им биде многу полесно да комуницираат со своите врсници и ќе станат повнимателни.
– Нашето истражување докажува дека сопственоста над кучињата, но и дружењето и играта со нив во голема мера позитивно влијаат на развојот и благосостојбата на детето. Шетањето, грижата за кучето и поврзувањето секако ги поттикнуваат социјалниот и емоционалниот развој на детето – велат експертите од Универзитетот.
Тие заклучиле дека дури 74 проценти од децата што играат или растат со семејни кучиња, многу е поверојатно да бидат повнимателни и кон другите луѓе.