Животни

70

Дали кучињата сонуваат

Иако не е научно докажано, ако сте сопственик на куче, невозможно е никогаш да не сте помислите дека и вашето домашно милениче сонува. Знаците како претање со нозете, ’ржење, квичење или замавнување со опашката укажуваат дека кучињата можеби навистина сонуваат.
Според научните показатели, најдобриот пријател на човекот спие до 16 часа на ден. Иако не е можно да се спроведат истражувања, се претпоставува дека кучето, како и човекот, може да достигне РЕМ-фаза. Човекот најинтензивно сонува во оваа фаза од спиењето, па се претпоставува дека ситуацијата е слична и кај кучињата.

Во исто време, се претпоставува дека на кучињата, за време на спиењето, им се појавуваат слики од некои претходни настани, што е честа појава кај луѓето.
Ако забележите дека вашето домашно милениче дише подлабоко за време на спиењето, многу е веројатно дека тоа ја достигнало РЕМ-фазата. Исто така, можно е во овие моменти да забележите брзи движења на очите, цимолење или некои други потези.