Животни

35

Кога вашето куче е агресивно кон посетители

Постои посебна врска помеѓу миленичето и сопственикот. Меѓутоа, спрема непознати или луѓе што не ги гледа често, кучето може да биде непријатно, па дури и агресивно. Како да го контролирате?
Научете го вашето милениче на основните наредби. Идеално е да се користат најосновните команди (на пр. „седни“, „легни“, „стоп“) со помош на кои најверојатно ќе можете да го задржите миленикот под контрола, бидејќи тој ќе се фокусира на изговорените команди.

Оставете го гушкањето со пријателите пред врата. Постојат кучиња, кои се многу љубоморни и посесивни. Ако вашиот миленик е таков, обидете се да не покажувате прекумерна блискост со другите луѓе пред него, затоа што тоа е она што може да му предизвика агресија и револт.

Запознајте го со посетителите. Овозможете му на кучето да ги запознае вашите гости полека и на свој начин. Принудувањето на интимност на миленичето и вашите пријатели не е паметна идеја, особено ако не сте сигурни како може да реагира. На крајот, наградете го за доброто однесување.