Животни

79

Научниците открија зошто вашето куче има лице на виновник

На сите сопственици на кучиња им е познато таканареченото лице на виновник, но научниците открија дека зад тој израз стои по малку комплексна емоција со која тие не нѐ манипулираат, туку се навистина искрени. Можеби извршиле нужда на подот, ги искасале вашите папучи или скокнале на каучот, вие знаете дека згрешиле, а тој израз говори дека знаат и тие. Луѓето ги толкуваат чувствата според својата логика, па претпоставуваат дека станува збор за чувство на вина, особено доколку претходно сте му се обраќале со зборовите: „Не тоа, лошо куче“ и слично.

Меѓутоа, вистината е дека кучето не чувствува вина. Наместо тоа тие изразуваат многу почеста и по малку комплексна емоција, а тоа е стравот. Ова тврдење се темели на студијата што ја изработи докторката Александра Хоровиц, авторка на книгата „Светот на кучињата: што гледаат, мирисаат и знаат тие “. Нејзиното истражување било насочено кон однесувањето на кучињата, а особено се фокусира на концептот како луѓето ги интерпретираат кучешките емоции, преку подрачјето на човековата психа.
– Гледам куче што покажува вина за она што го сторило.

Тоа се случува бидејќи некако сме програмирани да донесуваме заклучоци за однесувањето на нашите четириножни миленици, како да се луѓе. Па, така, мислиме дека на нашето куче му е жал што направило нешто лошо и поради тоа полесно му простуваме – појасни Хоровиц.