Северна Кореја го повикува светот да ги открие нејзините убавини

76

Северна Кореја започна кампања за промоција на своите најпознати туристички дестинации, во обид да привлече туристи во живописната, но таинствена и нуклеарно-вооружена нација, пренесува „Њузвик“.

Државната телевизија објави промотивна содржина, во која се рекламира четиридневна програма за посета на планината Кумганг, кој започнува подоцна овој месец и ќе трае до крајот на ноември. Источниот дел на земјата има планински врвови високи речиси 1.700 метри, а организаторите на турата нудат активности како планинарење, разгледување на природата, риболов и топли бањи кои лечат срцеви болести, висок притисок и артритис.

Планината Куманг некогаш беше туристичка атракција и за туристите од Јужна Кореја, но Сеул ја суспендираше програмата во 2008 година, откако турист беше застрелан од севернокорејски војник откако навнодно се загубил во една од забранетите зони. Надежите за соработка меѓу двете Кореи беше повторно актуелизирана во преговорите меѓу лидерот на Северна Ким Јонг-ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин, по речиси една година, нема информации за актуелизирање и враќање на овој старо-нов план.

Доналд Трамп неодамна стана првиот американски претседател кој стапнал на територијата на Северна Кореја, но тој, со забраната за патување во 2017 година, технички создаде услови во кои е нелегално за кој било друг Американец да стапне на територијата на земјата. Поради тоа, оваа земја сè уште не е атрактивна дестинација за светските туристи, но со најновите чекори на власта на Ким Јонг-ун и инвестициите во различни туристички атракции, се очекува затворената земја да привлече нови гости заинтересирани за посета на ова необично место.

Забавниот парк Мунсу во Пјонгјанг, инвестиција за привлекување на домашни и странски туристи