Жерар Депардје обвинет за силување

153

Познатиот француски актер Жерар Депардје (72) и формално е обвинет за сексуално насилство што наводно го извршил врз млада актерка во 2018 година, откако француското обвинителство повторно го отвори случајот. Тој ги негира наводите.

Девојката го пријавила случајот во полиција во 2018 година, велејќи дека и претхдно била силувана и оти во два наврати тоа се случило во куќата на Депардје во Париз. Според извор од истрагата, актерот бил куќен пријател на семејството на девојката.

Обвинителот тогаш ја затворил истрагата, но летото 2020 година, девојката успеала да ги убеди органите повторно да ја отворат постапката.

Депардје не е во притвор, но тој се наоѓа под судски надзор. Неговиот адвокат, Ерв Темим, изјави дека тој целосно ги отфрла обвинувањата.