Е-велосипеди- новиот хит во Париз

1048

Жителите на Париз и неговите предградија наскоро можат да имаат пристап до 20.000 електрични велосипеди.

Компанијата за јавен транспорт на „Иле-де-Франс Мобилитес“ (Ile-de-France Mobilités (IDFM) започна со нова програма за изнајмување велосипеди, во рамките на која првично ќе има 10.000 достапни превозни средства. Со доволен интерес, нивниот број ќе се зголеми на 20.000, што ќе ја претвори програмата во најголемата услуга за изнајмување е-велосипеди во светот.

Целта е да се намали употребата на автомобили и загадувањето во францускиот главен град. Е-велосипедите ќе можат да се изнајмуваат за 40 евра месечно, период за кој корисниците ќе можат да ги задржат дома. Слично како картата за метро во Париз, работодавачите ќе можат да покријат половина од сумата, откако за конечен надомест останува само 20 евра за крајниот корисник.

Е-велосипедите можат да поминат до 9 км со едно полнење дури и при искачување.
Е-транспортoт е во пораст во Франција, откако фирмата за електрични скутери „Лајм“ неодамна почна да работи во Париз, но и покрај високите цени за изнајмување, сепак брзо стана многу популарна. Е-велосипедите се поевтини и попригодни за тесните улици на Париз.