Ентони Хопкинс во улога на папата Бенедикт

707

Осумдесетгодишниот актер Ентони Хопкинс ќе го игра папата Бенедикт Шеснаесетти во филмот за животот на Џозеф Рацингер, од моментот кога станал поглавар на Римокатоличката црква сè додека не се повлече од таа должност. Ханибал Лектор од познатиот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ за потребите на снимањето на филмот прошета низ Рим во папска униформа, со голем златен крст околу неговиот врат и со црвени чевли „прада“, кои најмногу ги збунија обожавателите.
Многу малку луѓе знаат дека шеснаесеттиот папа Бенедикт честопати носеше чевли на познати модни куќи, па, така, познатиот актер доби слични за неговата улога.