Емили Ратајковски проговори за злоупотребата на моќта во модниот свет

141

Научив дека моите слики, мојот одраз, не се мои лични, напиша манекенката Емили Ратајковски во колумната на „Њујорк магазин“.

Иако мислиме дека секоја фотографија од нас, ни припаѓа нам, тоа правно не е издржано, посебно во светот на моделите. За Ратајковски, губењето на своите фотографии е нешто што во светот на индустријата за модели се провлекува со децении, а тоа подразбира злоупотреба на моќ, сексуалност, и лична болка низ која се минува додека се водат правните битки за лични права.

Ратајковски поднела тужба против папрацо-фотограф, кој земал нејзина лична фотографија од нејзиниот профил на Инстаграм. Уметникот, пак, Ричард Принц, објавувајќи изложба (масло на платно) серија инстаграм-фотографии, употребил две нејзини слики.

Најнова е приказната во која Ратајковски го тужи фотографот Џонатан Ледер. Во 2012 година тие имале снимање, а кое таа вели дека е класична злоупотреба.

Тогашниот нејзин агент 20-годишната Ратајковски ја испратил во домот на Ледер на неплатено снимање за магазинот „Дариус“ и ѝ рекол дека тој ангажман подразбира и преспивање во домот на фотографот.

– Научена сум дека е важно да се стекне репутација на работник што не приговара многу – напиша моделот.

Фотографот ја сликал без облека, а фотографиите ги објавил во 2016 година во книгата „Ледер/Ратајковски колекшн едишн“ на издавачката куќа „Империјал паблишинг“. Моделот тврди дека ниту фотографот ниту издавачот немале право да ги користат тие фотографии.

Написот на Ратајковски ќе биде дел од поголема колекција лични приказни на девојки од модниот свет.