Елтон Џон и Лајонел Ричи им забранија на политичарите да користат нивна музика во кампањи

53

Елтон Џон, „Ролинг стоунс“ и Лајонел Ричи им се придружија на повеќе од 50 музичари кои ги повикаа демократите и републиканците да престанат да користат нивни песни во кампањи и во политички амбиент без претходна дозвола.

Алијансата за авторски права на уметниците (АРА) напиша отворено писмо до републиканците и демократите во вторникот, и побара од нив „да се заложат дека сите кандидати што ги поддржуваат ќе побараат согласност од истакнати уметници и текстописци пред да ја користат нивната музика во кампањски и политички амбиент.

– Ова е единствениот начин ефективно да ги заштитите вашите кандидати од правен ризик. Ваквиот начин на неволно вовлекување на уметникот во политика може да ги компромитира неговите лични вредности и истовремено да ги разочара и оддалечи фановите – задно со голема морална и економска цена – стои во писмото.