Елон Маск промовира чип во глава за слушање музика

673

Во текот на развојот на неговиот нов проект, Елон Маск ја промовира својата идеја за развивање интерфејс со чија помош би се лекувале мозочни заболувања, но и би се подобриле човековите способности. Основачот на „Спејс екс“ и на „Тесла“ откри нови детали за неговиот проект, наречен „Неуралинк“, потврдувајќи на Твитер дека во одреден момент во иднината луѓето ќе можат да „слушаат“ музика без да ги користат своите уши, а за тоа ќе им биде потребен само чип.

Маск ја објави таквата функција додека ги промовираше можностите на својот новопласиран производ, како што е потенцијалната можност за корекција на повредите на мозокот/’рбетот и работата во комбинација со вештачка интелигенција. Во исто време, технолошкиот претприемач рече дека компанијата сè уште треба да реши многу „тешки проблеми“, како што се обработката на сигнали, затворањето и индуктивното полнење, апелирајќи до експертите од таа област да му се приклучат на тимот на „Неуралинк“.

Меѓутоа, промоцијата на Маск за функциите на „Неуралинк“ не помина незабележана од страна на корисниците на интернетот. Некои корисници на социјалните медиуми забележаа дека чиповите во главите на луѓето звучат како типичен почеток на „дистописки футуристички филм“, кој нема да има среќен крај.
Претходно, основачот на „Тесла“ даде повеќе информации за способностите на „Неуралинк“, потврдувајќи дека технологијата потенцијално може да ги излечи луѓето од зависност и депресија со промена на хемијата на мозокот со помош на сигнали.