Елен Помпео меѓу најплатените актерки во светот

54

Актерката Елен Помпео по две децении во забавната индустрија и улогите во филмот „Фати ме ако можеш“ (Catch Me If You Can), серијата „Вовед во анатомија“ и музичкото видео за песната „Bad Blood“ на Тејлор Свифт, стана една од најплатените телевизиски актерки и си обезбеди богатство што не може да се преброи.
Откако ја започна својата актерска кариера со појавувањето во филмот „Вознемирена девојка“, за кој веројатно никогаш не сте слушнале, Елен сега заработува 20 милиони долари секоја година за улогата на докторката Мередит Греј во популарната серија „Вовед во анатомија“. Според „Форбс“ таа во 2019 година заработила 22 милиони долари.

Покрај напорната работа, таа морала да оди дури и до првите луѓе на Еј-би-си за да ги убеди дека заслужува многу повеќе од тоа.
– Кога вашето лице и вашиот глас се дел од нешто што генерирало 3 милијарди долари во една од најголемите корпорации во светот, ќе почнете да размислувате дека заслужувате и вие дел од тоа – вели Елен.
Покрај тоа што таа е копродуцентка на серијата „Станица 19“, која е спиноф на „Вовед во анатомија“, Елен исто така работи и зад сцената на шоуто за нејзината продуцентска куќа.

Таа има склучено голем договор со „Амазон“ за драма за американските модни дизајнери, а работи и како инфлуенсерка на Инстаграм, за да заработи дополнително пари, промовирајќи етички производи, како што се производи за бебиња на база на билки, пишува „Космополитен“.
Според наводите на порталот „Селебрити нет ворт“, Елен вреди фантастични 70 милиони долари, што е многу повеќе на пример од богатството што го поседува Кортни Кардашијан, кое се проценува на 45 милиони долари.