Елен Деџенерис јавно се извини и вети „ново поглавје“

79

Елен Деџенерис го искористи својот монолог за време на почнувањето на новата сезона на нејзиното дневно ток-шоу, за да се осврне на обвинувањата за „токсична работна средина“, извинувајќи се за работите „што никогаш не требале да се случат“, пренесува „Асошијетед прес“.

– Знам дека сум во позиција со привилегии и моќ, а дека со тоа доаѓа одговорност. Поради тоа ја преземам одговорноста за она што се случува во мојата емисија – рече таа во видеото објавено вчера.

Деџенерис често се насмевнуваше, но можеше да се препознае и напнатоста за време на нагласувањето на нејзините забелешки, како што забележаа медиумите.

„Шоуто на Елен Деџенерис“ ја почна својата 18-та сезона во студиотот во Лос Анџелес, откако неколку месеци откако се снимаше во домот на Деџенерис, за време на карантинот. Снимањето на емисијата беше без публика во студиото, туку со „виртуелна“ публика која чии лица беа прикажани на мониторите поставени на седиштата.