Египет спречи обид за продажба на античка статуа

84

Египетските безбедносни сили во средата успешно спречиле обид за продажба на огромна античка статуа која била ископана во египетската провинција Шаркија, а потоа пренесена во североисточниот регион Исмаилија, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Локалните полицајци во полициската станица во Абу Соер, во Исмаилија, изјавија за „Сада Ел-Балад“ дека обвинетиот комуницирал со некого во обид да ја забрза продажбата на статуата откако ја криел подолго време.

– По обемни истраги, откриено е дека статуата е ископана од археолошка локација во Шаркија пред повеќе години, пренесена во Исмаилија и закопана во земјоделска област – раскажуваат полицајците.

Тие истакнале дека статуата тежи 700 тони, додавајќи дека станицата го известила јавниот обвинител на земјата да ја преземе истрагата.