Европската вселенска агенција отвора фабрика за воздух

111

Во Нордвијк, Холандија, основана е лабораторија за материјали и електрични компоненти на Европскиот центар за истражување и технологија на вселената – ЕСТЕЦ. Основањето ваква прототип-фабрика за кислород претставува исклучителен чекор.

Можноста да добијат кислород од ресурсите пронајдени на Месечината очигледно би било корисно за идните лунарни доселеници како за дишењето така и за локалното производство на ракетно гориво.

Според Александре Меурис, истражувач од Европската агенција за вселената – ЕСА, примероците вратени од лунарната површина потврдуваат дека лунарниот реголит е составен од 40 до 45 отсто проценти кислород по тежина, негов единствен најобилен елемент. Но, овој кислород е поврзан хемиски како оксиди во форма на минерали или стакло, така што е недостапен за непосредна употреба.

Екстракцијата на кислород во Европскиот центар за истражување и технологија на вселената се одвива со употреба на метод наречен стопена електролиза на сол, која вклучува поставување реголит во метална корпа со стопена сол на калциум хлорид за да послужи како електролит загреан на 950°C. На оваа температура регулитот останува цврст.

Но, минувањето струја низ него предизвикува кислородот да се извлече од регелитот и да мигрира низ солта да се собира на анода. Како бонус овој процес го претвора и реголитот во употребливи метални легури.
Фабриката за кислород работи тивко, при што кислородот произведен во процесот засега е вметнат во издувна цевка, но ќе се чува по идните надградби на системот.

Според Томас Гидини, раководител во ЕСА, и НАСА и Европската вселенска агенција се враќаат на Месечината со опремени мисии, меѓутоа овој пат со цел да останат.