Европејците се потомци на неандерталците

189
Не само што споделуваме 99,5 отсто од истата ДНК, ние и денес сѐ уште имаме неандерталска ДНК

Неандерталците исчезнале пред околу 28.000 години, а фосилните докази покажуваат дека последното место што го населувале било Гибралтар, на Пиринејскиот Полуостров. Наодите, исто така, помагаат да разбереме и нешто повеќе за животот на последните неандерталци. Новите сознанија исто така откриваат дека современиот човек има многу сличности со нив.
Според истражувачите, не само што споделуваме 99,5 отсто од истата ДНК со нив, ние и денес сѐ уште имаме неандерталска ДНК. По пристигнувањето на современите луѓе во Европа од Африка, тие започнале да се размножуваат со неандерталците. Како резултат на предисториското мешањето, сите современи луѓе надвор од Африка имаат неандерталска ДНК, а истражувањата покажуваат дека илјадници луѓе имаат 20 отсто неандерталска ДНК.