Дроновите ги исплашија Меган и Хари за безбедноста на Арчи

126

Принцот Хари и Меган Маркл живеат во страв во нивниот нов дом во Лос Анџелес откако над нивниот имот прелетуваат дронови, пишува британски „Експрес“. Тие најверојатно биле управувани од папараци кои се обидуваат да го снимат познатиот пар и нивниот син Арчи. Некои од дроновите се спуштале и на само неколку метри над имотот. Поради страв дека зад ова може да се крие и терористичка група Меган и Хари планираат да изнајмат приватен обезбедувачки тим за да се спречи оваа појава.

„Експрес“ пренесува дека инцидентите се случувале во најмалку пет наврати во изминатиот месец.

– Постојано гледаат дронови како летаат и претпоставуваат дека зад нив стојат фотографи, но не можат да бидат сигурни. Меган веќе имала закана по животот кога се мажела со Хари, па затоа се плаши од терористи. Луѓето забораваат дека тие се сега обични луѓе. Не сакаат посебен третман, само сакаат да се чувствуваат безбедни и да се почитува нивната приватност – изјавил нивен пријател за „Експрес“.