Доналд Трамп стана дедо десетти пат

139

Сeмејството Трамп е побогато за нов член. Актуелниот американски претседател стана дедо десетти пат, објави неговиот син Ерик.

Ерик и Лара Трамп станаа родители на девојчето Каролина Дороти Трамп.

Ова е нивно второ дете, тие веќе го имаат едногодишниот син Ерик Лук Трамп.

Девојчето е десетто внуче на 73-годишниот Доналд Трамп, татко на пет деца, што ги има од три жени.