Домување

144

Ползечки растенија во домот

Растенијата во домот носат свежина и допир со природата. Во декорирањето на просторот постои тренд што со години е присутен, а тоа се ползечките цвеќиња. Тие може да се спуштаат по должината на полиците за книги, да бидат обесени во тегли или да се качуваат по ѕидот во дневната соба.
Сорти на кои не им треба голема нега, а растат мошне брзо, се филодендронот и златниот ползавец. Полевајте ги со вода секогаш кога земјата е сува, како и во зависност од тоа колку се изложени на светлина. Кога правите распоред на билките, бидете практични.

Високо обесете ги растенијата што не мора толку често да се полеваат, како сикулентите, а ниско поставете ги најжедните билки. Иако ползавците изгледаат убаво и на вашата полица, често треба да се групираат за да изгледаат уште пораскошно. Сместете две-три билки заедно и нивните гранки ќе се испреплетат како зелена завеса.