Домување

59

Oтстранeте ги трагите од крпа на свежо измиените прозорци

Прозорците можат да бидат вистински предизвик за чистење затоа што, колку и да се трудите да ги исчистите колку што е можно подобро, честопати се случува да останат траги од крпите, дури и по чистењето. Каролин Форте, директорка на институтот „Гуд хаускипинг“, открива неколку трика.
Најдобро е, вели таа, прозорците да се мијат кога надвор е облачно и кога температурата не е многу висока. Кога е многу жешко, од сонцето, средството за чистење се суши побрзо, па може да случи да не можете да го избришете и тогаш може да се направат траги од протекувањето на средството.

Таа исто така советува пред да одите да ги исчистите прозорците, најпрво да ги соберете прашината и нечистотијата со сува крпа, четка или со правосмукалка. Така ќе спречите нечистотијата да се лепи на крпата кога ќе се навлажни.
Многу е важно да изберете добар и квалитетен производ за прозорци и стакло.

Некои луѓе сакаат да го користат стариот начин за чистење прозорци, затоа земаат стар весник и го бришат стаклото со него. Уште подобар резултат ќе постигнете со крпа од микрофибер, стаклото ќе заблеска како ново и нема да останат никакви траги од бришењето.