Домување

139

Како да го решите проблемот со венеење на растенијата

Постојат четири основни причини зошто листовите на вашите домашни растенија ја менуваат бојата или почнуваат да венеат, а интернет-страницата „Мајнд боди грин“ открива како да го решите таквиот проблем. Пред сѐ, проверете дали доволно често го наводнувате растението. Исушените листови може да бидат знак дека почвата е сува, а растението е жедно. Ако на растението му недостига вода, тоа ќе ви го покаже преку бледи стуткани листови или кафени дамки на врвовите на листовите. Доколку откриете дека е жедно, внимавајте да не се прелева премногу вода во почвата, бидејќи тоа може да создаде дополнителен проблем.

Ако вашето растение не е жедно, видете дали има паразити. Тие би можеле да создадат голем број проблеми, вклучувајќи дупки во листовите, пожолтени или бледи листови и слично, а тоа е затоа што ги цицаат растителните сокови. За да утврдите дали тие се на растението, добро испитајте ги сите делови, би требало да ги видите паразитите со голо око. Ако ги забележите, измешајте малку сапун со вода и избришете ги листовите. Потоа испрскајте го со вода за да го отстраните сапунот и на крајот исушете го.

Доколку растението стои веднаш до прозорецот, важно е да го преместите на место со помалку светлина. На многу растенија не им треба директна светлина, напротив, многу од нив уживаат во сенка и на ладно место.