Домување

92

Три растенија што носат љубов, среќа и успех

Според античката кинеска уметност за правилно уредување на просторот, треба да ги негувате овие цвеќиња за да привлечете позитивна енергија во домот. Според упатствата на фенг шуи, со овие три растенија во вашиот дом, ќе привлечете љубов, пари и среќа.
Бамбус – бамбусот е идеално растение по многу критериуми. Пред сѐ, лесен е за одржување, а експертите за фенг шуи веруваат дека привлекува позитивна енергија. Извитканата верзија на бамбусовото дрво привлекува успех, а за среќна љубов и стабилен брак, потребно е да имате два бамбуса и да ги ставите во една вазна. Најдобра позиција за нивно складирање и одгледување е левиот дел од куќата, и што подалеку од влезната врата.
Орхидеја – ова е магичен цвет, кој според фенг шуи се користи за пронаоѓање нова љубов. Ако сте осамени искористете ја магијата на орхидеите и чувајте ја во спалната соба, идеално би било да ја ставите на наткасната покрај креветот.
Златен бршлен – ова украсно растение совршено се вклопува во секој дом, а златниот бршлен е совршен и за одбивање на негативната енергија. Мртвиот агол во куќата или празните полици се идеално место за ова растение, кое ја отфрла целата негативна енергија од домот и привлекува светлина.