Домување

91

Како да ги отстраните ефикасно дамките од теписите

Доколку во вашиот дом имате тепих во светла нијанса, сигурно морате многу често да го перете. Ви предлагаме неколку трика како брзо да се ослободите од досадните дамки. За да го постигнете тоа, потребни се состојки што веројатно веќе ги имате во вашата кујна. Со помош на сол, можете да ја отстраните дамката што настанала од истурање разни сокови, јогурт или млеко. Дамките од повраќање најдобро се отстрануваат со сода бикарбона. Содата, исто така, ќе го ублажи и непријатниот мирис.

Дамките од мастило можете да ги исчистите со мешавина од прашок за печиво и сок од лимон. Посипете ја мешавината над дамката, оставете ја да отстои околу десет минути, а потоа исчистете ја со сува крпа. Дамките од кафе може да бидат иритирачки, но лесно можете да се ослободите од нив. Мало количество пиво ќе ви помогне во тоа. Потопете ја дамката со пиво, а потоа истријте ја со крпа.

Со пиво можете исто така да ги исчистите и дамките од чај. Една од најлошите дамки што е многу тешко да се исчисти е онаа од црвено вино. Врз дамката ставете пена за бричење, оставете да се исуши, а потоа добро тријте. Овој крем е добар и за мрсни дамки. Дамките направени од вашите миленици можете да ги натопите со газирана вода. Тоа ќе ги неутрализира мирисите и ќе го остави тепихот чист.