Домување

113

Од кои работи во кујната треба да се ослободите

Дури и кога мислите дека сте средиле сè, дизајнерите на ентериер откриваат дека секогаш има непотребни работи од кои може да се ослободите, за вашата кујна да изгледа поуредна.
Џил Џарвис, дизајнерка и сопственичка на фирмата „Ирлич интериес“, советува дека кујнските крпи, на пример, особено оние што се веќе стари и излитени, треба да се сортираат, пишува „Инсајдер“.
– Подредете ги сите крпи од кујната и фрлете ги оние што го минале својот животен век или можете да ги користите како крпи за чистење – вели Џил.

Сет од кујнски ракавици е нешто што мора да го има во секоја кујна, но ако имате повеќе од два пара, тие само непотребно ќе го зафатат вашиот простор.
Сортирајте ги приборот и кујнските уреди и отстранете ги оние што ретко или никогаш не ги користите. Ако некои прибор или уред не ги користите толку често и тие стојат на отворен простор во кујната, ставете ги некаде каде што ќе бидат помалку видливи.
Отворените полици се привремена мода, но и честопати тие доведуваат до побрзо акумулирање маснотии и прашина, а тоа значи и повеќе чистење на крајот. А доколку не ги организирате внимателно полиците и она што го ставате на нив, тие можат дополнително да го стеснат вашиот простор.