Домување

78

Циметот ефикасен против инсекти и габи

Појавата на мравки во домот, најчесто во кујната, е проблем што се јавува со затоплувањето на времето. Има повеќе начини како да се ослободите од штетните инсекти, но еден е најефикасен – циметот. Со помош на овој зачин ќе се ослободите од мравките, но и од комарците, советуваат стручњаците.
Уште во дамнешни времиња го користеле циметот во Египет за мумифицирање на мртвите тела, а арапските лекари со него зацелувале рани.

Тој e ефикасен и против мувла. Ако билките ви се прекриени со габи, посипете ги со цимет и тие ќе исчезнат. Доколу во градината, при работа, случајно сте оштетиле здрави растенија, посипете ги со мелен цимет и зачинот брзо ќе ги регенерира оштетените места. Доколку садницата ја посипете со цимет непосредно пред да ја ставите во земја, билката побрзо ќе се зафати и побрзо и побогато ќе расте. За да бидете сигурни дека младите садници не се нападнати од болести, пригответе органско средство со цимет против габички.

Повеќето луѓе го сакаат мирисот на циметот, но не и инсектите. Значи, доколку вашите билки ги нападнат мравки или околу нив се собираат комарци, фрлете на нив малку цимет и несаканите гости брзо ќе ги снема.