Доделени наградите на Фестивалот на непрофесионален филм

81

Фото-киноклубот „Прилеп“ на последниот 47. Државен фестивал на непрофесионален филм, кој се одржа во Струга на први јуни, од доделените вкупно 11, освои пет награди, информира претседателот на клубот Сашко Попоски.
Филмот „Кутија“ на Гоце Трајкоски освои три награди: за најдобра камера, за најдобра монтажа и сребрена плакета за документарен филм.
Филмот „Старецот и кучето“ на Филип Петрески доби сребрена плакета за краток игран филм и филмот „Мамичке“ на Виктор Керов, а Љупче Ристески е добитник на наградата за најдобар експериментален филм.
Фото-киноклубот „Прилеп“ неодамна беше награден и со највисоката награда на „Уника“, која им се доделува на поединци и клубови, како најдобар клуб во Македонија. Оваа награда е втора во градот годинава по наградата што пред две недели ја доби прилепчанецот Зоран Пилоски за својот едноминутен филм на меѓународниот натпревар во Пожега, Хрватска.