Добредојдовте во светот на „Мадам екс“

116

Легендарната Мадона го најави нејзиниот најнов албум насловен „Мадам екс“. Таа во неделата сподели кратко видео и фрагмент од новата музика на нејзиниот официјален инстаграм профил. Во видеото таа е претставена како пробува различни костими, пренесува Си-ен-ен.

– Одлучив да го наречам албумот „Мадам екс“. Таа е таен агент кој патува околу светот, менува идентитети и носи светлина во мрачните места. Таа е танцувач, професор, претседател и затвореник, студент, мајка и дете, улителка, калуѓерка, пејачка и шпиун. Јас сум „Мадам екс“ – вели Мадона за својот албум.

Мадона исто така ја откри соработката со колумбискиот пејач и текстописец Малума. Слика од спотот, насловен „Меделин“, беше објавена на Инстаграм. На сликата е претставена Мадона во венчаница со нејзината рака околу Малума.

Мадона не сподели други информации во врска со албумот, но можеби ќе открие  повеќе кога ќе настапи со две песни на претстојниот натпревар на Евровизија во Тел Авив.