Диџеј Офишл убиен во Лос Анџелес

303

Музичкиот продуцент и диџеј Лесли Андре Вејкфилд, познат како Диџеј Офишл, е убиен среде улица во Лос Анџелес.

Според американските медиуми, музичарот седел во автомобил со уште еден маж кога друго возило застанало покрај нивното и напаѓачите почнале да пукаат во нив. Продуцентот починал на самото место, а другиот маж е во болница и неговата состојба е стабилна.

Офишл(26) е познат по соработката со многу рапери и музичари, меѓу кои и Карди Би.