Дишењето на луѓето го избледува „Крикот“ на Мунк

148

Истражувачите забележаа распаѓање на жолтата боја, базирана на кадмиум, апелирајќи до луѓето дека е потребно итно да престанат да дишат во близината на славното дело „Крик“ на експресионистичкиот сликар Едвард Мунк. Истражувачите што ја разбираат причината за влошувањето на состојбата на сликата, утврдиле дека човечкиот здив придонел за оштетувањето.

За да се откријат причината и начинот на кој се случило оштетувањето, научниците користеле сонди со рендгенски зраци, со што се утврдило дека Мунк погрешно користел нечиста кадмиумска жолта боја, која е ранлива при мала влажност (како на пример човечки здив). Деловите на сликата каде што била користена жолтата боја – за зајдисонцето, езерото и делови од лицето на врескачката фигура, се значително избледени, а во некои случаи се дури и одлепени.

Жолтата боја базирана на кадмиум била користена и од некои современици на Мунк, вклучувајќи ги Винсент ван Гог и Анри Матис.
Во студијата на истражувачите, објавена во „Сајенс адвенс“, се вели дека употребата на неправилни пигменти на Мунк „претставува предизвик за долгорочно зачувување на уметничките дела на Мунк, поради нивната подложност на фотохемиски трансформации, кои предизвикуваат промени во бојата и /или структурни оштетувања“.

Во 2004 година, „Крик“ беше украден од Музејот на Мунк во Осло од две вооружени лица. Сликата беше најдена и обновена две години подоцна, но сепак картонот претрпе штета и беше извалкан од нечиста вода.