„Де Бирс“ ќе префрли 200 слонови од Јужна Африка во Мозамбик

70

Производителот на дијаманти „Де Бирс“ соопшти дека ќе префрли 200 слонови од нивниот приватен резерват во Република Јужна Африка во соседен Мозамбик, со цел повторно да се обнови овој животонски вид откако во тамошниот конфликт нивната популација беше речиси уништена.

Слоновите ќе поминат 1.500 километри од националниот парк „Зинаве“ до Мозамбик. Тие ќе бидат сместени во живеалиште кое се простира на површина од 400.000 хектари, а досега се наоѓаа во резерат од 32.000 хектари, каде е предвидено да живеат 60, а беа сместени дури 270 слонови.

Бидејќи слоновите живеат во заедници, семејните групи ќе останат заедно при транспортот до другата дестинација.