Дејвид Бекам заработува 70 милиони долари од видеоигра

153

Дејвид Бекам наводно заработува повеќе од фудбалска видеоигра отколку што некогаш заработил во текот на својата кариера на професионален фудбалер.

Фудбалкската легенда (43), кој се повлече од спортот во 2013 година, потпиша тригодишен договор вреден 40 милиони фунти (70 милиони долари) за да се појави како играч икона во видеоиграта „ФИФА 21“.
Извор за весникот „Сандеј мирор“ изјави: Авторите на „ФИФА ЕА спортс“ му понудија 30 милиони фунти за три години, но тој успеа да постигне подобра спогодба.

– Тоа е голем додаток на брендот Бекам и најлесните пари што некогаш ги заработил – рекол истиот извор.