Детскиот хор од Чикаго го изненади Васил со емотивна видеопорака!

284

Детскиот хор од Чикаго, каде што македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев пеел од 1999 до 2003 година, го изненади нашиот евровизиски претставник со прекрасно видео пеејќи ја песната „Татковина“. Оваа нумера специјално била аранжирана за него во 2003 година, кога Васил бил депортиран од САД заедно со неговото семејство, голема лекција што никогаш нема да ја заборави, на таков го опишува Васил овој момент од неговиот живот.

– Да се биде дел од Детскиот хор од Чикаго за мене беше едно од најзначајните животни искуства, каде што добив шанса да соработувам, да пеам и да учам од најдобрите, но и да ги стекнам најзначајните животни вредности, дисциплина, морал, извонредност во перформансите, но и да размислувам за очекувањата, целите и секогаш да настапувам со отворено срце – вели Васил Гарванлиев.
Инаку, според жрепката за евровизискиот редослед, што се случи неодамна во рамките на свечената церемонија на примопредавањето меѓу минатогодишниот град-домаќин Тел Авив и актуелниот Ротердам, Васил ќе настапи во првата половина на првото евровизиско полуфинале на 12 мај. Конечниот редослед дополнително ќе биде одреден од страна на продуцентите на шоуто.

Повикот до заинтересираните композитори да ги достават своите сериозни и креативни музички предлози до Македонската телевизија трае уште два дена, по што ќе се пристапи кон нивно разгледување и конечна одлука за избор на евровизиската песна за Васил.