Дестинации за патување во 2021 година

130

„Нешнл џиографик“ направи список на најдобрите дестинации за патување следната година. Станува збор за патувања што се одржливи и погодни за одмор со семејството, како и места богати со природа и култура.
Списокот содржи 25 дестинации избрани од меѓународни уреднички тимови. Сите се поделени во пет категории – одржливост, семејство, авантура, природа и култура. Како места за одржливо патување се наведени: Алонисос во Грција, Копенхаген, Француска Нова Каледонија, Фрајбург, Германија, Габон, централна Африка и Денвер, Колорадо. За семејни патувања, тие ги препорачуваат: Крајбрежната патека во Англија, Трансилванија, Спејс Коуст на Флорида, Хортобаги во Унгарија, Британска Колумбија во Канада.
Списокот на авантуристички дестинации ги вклучува: Доминиканска Република, Сванети во Грузија, Националниот парк Лос Гласиарес во Аргентина, Националниот парк и резерват Катмај, Алјаска. Како локации богати со природа што се најдобри за патувања во 2021 година се: Ајл Ројал во Мичиген, Јелоунајф во Канада, Серадо во Бразил и островот Лорд Хау во Австралија. За оние што ги сакаат културата и историјата, „Нешнл џиографик“ ги препорачува: Гуам, Ново Мексико, Виторија-Гастеис во Шпанија, Гјонгју во Јужна Кореја, Талса, Оклахома и Тонглу во кинеската провинција Чекијанг.