Десет необични растенија совршени за чување во домашни услови

721

Најверојатно можете да препознаете некои кактуси на прв поглед. Но дали сте чуле за сукулент-роза или делфин-кактус? Ако имате едновидни цвеќиња во вашиот дом, можеби е време да додадете едно од овие интересни необични растенија со кои ќе ја разбиете монотонијата во домот.

1. Маримо топчиња од мов

Живите растенија се многу важни за аквариумите. Тие прават сè од абсорбирање на токсични нитрати со што им даваат здрава, убава средина за живеење. Маримо топчињата од мов се малечки алги кои потсетуваат на мов, од каде им доаѓа и името. Во природата, тие се тркалаат по дното на реките, од што ја добиваат нивната тркалезна форма.

2. Живи камења

Литопс растенијата се сукуленти кои честопати се нарекувани „живи камења“. Овие мали сукуленти наликуваат на камења и потекнуваат од пустините на Јужна Африка. Тие растат на песоклива почва со високи температури и не им е потребно многу вода. Живите камења се мали растенија и обично имаат две лифчиња. Дебелите лифчиња потсеќаат на копита од животни и поради тоа што растат едно до друго, често наликуваат на камења.

3. Црни сукуленти


Црните сукуленти се познати под името Синокрасула јунаненсис, а изгледаат како купче натрупани розети. Неговите бодликави лифчиња, кои наликуваат на шишарки или ежиња, обично имаат мрачна зелена боја, но таа боја е толку темна, што повеќе наликува на црна отколку на зелена боја.

4. Делфин-сукулент

Сенецио Парагринус, исто така познат и како Сукулент-делфин, е сукулент чии лифчиња изгледаат како мали делфини кои скокаат во воздухот. Ова растение е многу барано и популарно меѓу љубителите на сукуленти во Јапонија. Најинтересниот дел е што со текот на годините, како што листовите растат, нивниот изглед  сè повеќе и повеќе наликува на делфин.

5. Хоја Кери

Хоја Кери, или таканареченото растение-срце, неговата популарност кај одгледувачите и љубителите на растенија ја стекна поради неговата интересна форма која наликува на срце. Ова растение е совршен популарен подарок за Денот на вљубените.

6. Цик-цак кактус

Овој кактус, кој го носи името Селеникерус Антонјанус, почесто е познат по неговите прекари Цик-цак кактус или Рибина коска. Бојата на неговите цветови е розова.

7. Тракијанда

Тракијандрата потекнува од источна и северо-источна Африка. Неговиот мал интересен изглед наликува на октопод со многу пипала.

8. Сукуленти-рози
Сукулентот Гриновиа Додренталис, чии лифчиња се наредени така што наликуваат на рози, обично може да бидат најдени на Канарските Острови. Тие изгледаат како од некоја магична приказна поради нивниот уникатен и магичен изглед.

9. Красула-чадор

Красулата е лесна за одгледување, но тие подлежат на опасност од габични болести. Не им е потребно многу наводнување, а лесно се размножуваат, најчесто со лифчиња. Нивните листови наликуваат на чадорчиња.

10. Еуфорбиа Обеса
Еуфорбиа Обеса, исто така нарекувана бејзбол-растение, е сукулента во форма на топка, која вирее во топли и суви клими. Тие се совршени за чување во домашни услови и изгледаат навистина интересно.