Дени Бојл нема да го режира новиот филм за Бонд

71

Британскиот режисер Дени Бојл се откажа од работата на новиот филм од серијалот „Џејмс Бонд“ поради креативни несогласувања, соопштија продуцентите и главниот актер на филмската франшиза.

– Мајкл Вилсон, Барбара Броколи и Даниел Крег соопштија дека поради креативни разлики Дени Бојл одлучил повеќе да не е режисер на фолмот „Бонд 25“, беше објавено преку официјалниот твитер профил на франшизата 007.

Воедно се уште не се наведува режисерот, кој ќе биде назначен на местото на Бојл.

Новиот 25-ти филм за Бонд е во фаза на претпродукција. Почетокот на снимањето е планирано за крајот на годинава, а премиерата за ноември 2019 година.

Уште во мај беше најавено дека Бојл ќе режира филмот, а продуцентите Вилсон и Броколи тогаш наведоа дека се задоволни што ќе работат со „исклучително талентиран режисер“.