Деми Мур: Жал ми е што не ја играв Чарли во „Топ ган“

93

Холивудската глумица Деми Мур, неодамна, во шоуто на Хаурад Стерн, каде што ја промовираше својата книга „Разоткривање“ (Inside Out), изјави дека ѝ е жал што не ја играла Чарли во легендарниот филм „Топ ган“. Наместо нејзе, оваа улога во далечната 1986 година ѝ беше доделена на Кели Мекгилис.

Мур кратко прокоментира дека ликот на Чарли пред сѐ бил наменет за неа, но назначила дела ја пропуштила улогата само поради тремата што ја обзела.
– Сметам дека мојата аудиција помина одлично, но при тестот на екранот само се заледив, имав блокада во главата. Потоа почнав да се нервирам што не ја добив улогата – изјавила славната актерка во шоуто.

Деми Мур додала дека откако го гледала филмот „Топ ган“ сфатила дека била родена за оваа улога.