Деми Ловато во стабилна состојба по предозирањето со дрога

84

Латиноамериканската поп пејачка Деми Ловато е во стабилна состојба, контактибилна и опкружена со семејството, по хоспитализирањето завчера откако наводно се предозирала, соопшти нејзиниот портпарол.

– Деми е будна и е опкружена со семејството, кое сака да ви се заблагодари на сите за искажаната љубов, молитви и поддршка – изјави нејзиниот претставник. Тој притоа замоли да се почитува нејзината приватност и да се избегнуваат шпекулации.

Ловато, инаку, не ги крие своите склоности кон дрога и алкохол. За тоа говореше и во нејзиниот документарец од 2017 година.

Во новата песна под наслов „Sober” (Трезвена), таа, меѓу другото, вели: Мамо, жалам што не сум трезвена повеќе; простете ми за истурените пијачки на подот.