Демијан Луис со гитара ги забавувал своите најблиски на венчавка

120

Демијан Луис ги покажал своите музички способности со гитара за време на забава по повод венчавка на пријатели, што се одржала вчера во канцеларија за регистрација во Лондон, пренесува „Дејли мејл“.

На Луис кој е познат по улогите во телевизиската серија  „Татковина“и филмот „Било еднаш во Холивуд“, му се придружила и неговата сопруга, актерката Хелен МекКрори, позната од серијата „Пики блајндерс“. Тие за време на прославата по повод венчавка на нивни блиски пријатели пееле класични ирски песни. Луис им честитал на младенците свирејќи на гитара.

Прославите, свадбените церемонии и приемите во Англија се ограничени на 15 лица од понеделникот, што е двојно помалку од претходно дозвоволениот број, како дел од новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во март за време на гостувањето во „Добро утро Велика Британија“, на прашањето како се справуваат со животот во карантин, Луис се пошегувал дека конечно знае како изгледа неговата колешка и сопруга Хелен. „Знам, неверојатно е! Немав идеја дека Хелен изгледа така!“, кажал Луис

Парот бил во самоизолација во нивната куќа во Сафолк, Ирска, поради пандемијата. Тие се во брак 13 години и имаат две деца, 13-годишната ќерка Манон и 12-годишниот син Гуливер со кои живеат во северен Лондон.

Хелен претходно за „Радио Тајмс“ раскажала дека се случила љубов на прв поглед кога се сретнала со црвенокосиот актер.

– Тој само многу ме насмеа. И сè уште го прави тоа – кажала таа.