Девојче родено од ембрион замрзнат пред 27 години го собори рекордот на својата сестра

229

Моли Гибсон е родена во октомври годинава, по 27 години од замрзнување на ембрионот. Ембрионот бил замрзнат во октомври 1992 година, па се до февруари годинава, кога Тина и Бен Гибсон од американската сојузнатата држава Тенеси го усвоиле ембрионот.

Раѓањето на Моли постави нов рекорд за најдолго замрзнат ембрион што резултираше со раѓање, соборувајќи го претходниот рекорд од нејзината постара сестра Ема.

– Не можам да верувам дека тие се наши ќерки – рече мајката на девојчето за Си-ен-ен.

Семејството Гибсон од Тенеси со години се борело со неплодност, а потоа стапиле во контакт со Националниот центар за донирање ембриони, непрофитна христијанска организација во Ноксвил. Оваа организација чува замрзнати ембриони кои пациентите со инвитро-оплодување одлучиле да ги донираат наместо да ги користат.

Семејства како Гибсон можат да посвојат еден од неискористените ембриони и да имаат дете со кое не се генетски поврзани.

Според проценките на Националниот центар за донирање ембриони, околу милион замрзнати човечки ембриони моментно се чуваат во САД. Марк Мелингер, директор за развој и маркетинг во Националниот центар за донирање ембриони, рече дека неплодноста е чест проблем кај семејствата кои бараат донација за ембриони.

– Моја проценка и претпоставка е дека околу 95 проценти од нив се соочуваат со некаква неплодност. Ние сме почестени и привилегирани да ја спроведуваме оваа работа и да им помогнеме на паровите да формираат семејство – рече Мелингер.

– Неплодноста беше најтешката работа со која сум се соочила. Сега кога сум на другата страна, гледам колку изминатите години ме обликуваа како мајка – напишала Тина Гибсон на блогот на веб-страницата на Националниот центар за донирање ембриони, откако ја родила Ема, нејзината прва ќерка.

Националниот центар за донирање ембриони е основан пред 17 години и оттогаш овозможил повеќе од 1.000 ембрионални посвојувања и раѓања, додека сега се вршат околу 200 трансфери годишно.

Слично на традиционалниот процес на посвојување, паровите можат да одлучат дали сакаат „затворен“ тип на посвојување ембрион или „отворен“ – што овозможува некаков вид контакт со донаторите. Контактот може да биде во форма на неколку електронски пораки годишно, до роднинска врска, вели Мелингер.

Прикажани се парови од 200 до 300 профили на донатори на ембриони, вклучително и демографска историја на семејството донатори. Гибсонови се со низок раст и избрале дарители кои исто така се со понизок раст, рече Мелингер.

Ќерките на Гибсонови, Моли и Ема, всушност се генетски родени сестри. Двата ембриона беа замрзнати во 1992 година, кога Тина Гибсон имала една година.

Според Националниот центар за донирање ембриони, ембрионот на Ема која сега има 24 години, бил најстариот ембрион од кој се создал живот, сè додека не се родила нејзината сестра Моли оваа година.

 – Јас и мојот сопруг зборуваме за тоа буквално секој ден. Можеш ли да веруваш дека немаме една, туку две девојчиња? Можете ли да верувате дека сме родители на две деца? – изјави Тина Гибсон за Си-ен-ен.

Според Националниот центар за донирање ембриони, ембрионите во таква состојба можат да траат вечно. Благодарение на технолошкиот напредок првото бебе родено од замрзнат ембрион по инвитро-оплодување се роди во Австралија во 1984 година.

– Сосема е можно еден ден да присуствуваме на раѓање на дете од 30-годишен ембрион – заклучува Мелингер.